11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

“Денови на балканска етно ризница” – боемска вечер

“Денови на балканска етно ризница” – боемска вечер

Познати кумановски пејачи приредија празнична музичка вечер, во рамки на 11. издание на манифестацијата “Денови на балканска етно ризница”, вечерва во Занаетчиски дом.

На сцената беа изведени најпопуларните рефрени од реномираниот фестивал на народната песна Тумба фест, од неговите почетоци, па се до последното издание. Публиката ја забавуваа Нино Величковски, Татјана Јовановска, Боби Амадеус, Виктор Димитриевски, Катерина Николовска Мицанова и Сашо Трајковски.
Боемската вечер беше со наслов “Таму каj што пее душата” и беше збогатена со настап на драмскиот уметник Горан Илиќ.
Настанот го организираше Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство “Етно ризница” – Куманово, со поддршка на Општина Куманoво.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Известување
Соопштенија
Известување