11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Општина Куманово ја доби наградата “Младински пријателски град” во Североисточен плански регион

Општина Куманово ја доби наградата “Младински пријателски град” во Североисточен плански регион

Во организација на Коалицијата на младински организации “СЕГА”, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади, се одржа четвртиот Национален форум за младинска работа во Охрид. Во рамките на Форумот беа доделени национални награди за најдобра општина по мерка на младите, при што Општина Куманово ја доби наградата „Младински пријателски град“ за Североисточниот плански регион. Од името на Општината, наградата ја подигна Мила Петрушевска, член на Советот.

Ова признание претставува потврда за заложбите и посветената работа во создавање подобри можности и перспективи за младите, како и за унапредувањето на младински политики и нивно активно вклучување во општествениот живот.

Општина Куманово ќе продолжи да ги поддржува идеите и иницијативите на младите, создавајќи нови можности за нивен професионален развој, простор за сигурна перспектива, од причина што тие се движечка сила на општеството.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email