11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Кумановските основци се натпреваруваа во Квиз на знаење

Кумановските основци се натпреваруваа во Квиз на знаење

Во организација на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво при Општина Куманово и Отсек за превенција – СВР Куманово, изминатиот викенд, учениците од општинските основни училишта се натпреваруваа во Квиз на знаење, од областа на историја, географија, граѓанска етика и општа култура. Натпреварите во знаење се реализираа во два дела, на две локации. Во првиот дел беа содржани тестови на елиминација, а во вториот дел учениците поминаа низ полуфиналните прашања. Најдобрите ученици од паралелките кои пратат настава на македонски јазик, ќе се натпреваруваат во финалниот Квиз, кој ќе се одржи на 31 јануари 2026 год., во СОУ “Перо Наков” – Куманово. Квиз на знаење за основците од албанските паралелки, ќе се реализира во текот на февруари, оваа година. Целта на квиз натпреварите е да се мотивираат децата од најрана возраст, своето слободно време да го поминуваат без технологија (мобилни телефони, комјутери и сл.), да стекнуваат нови знаења, да се дружат со врсниците и да се рекреираат.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email