11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Свечена Светосавска Академија во Куманово

Свечена Светосавска Академија во Куманово

Во Занаетчиски дом, вечерва се одржа манифестацијата Свечена Светосавска Академија, посветена на националниот празник на српската заедница во Македонија, во чест на духовниот водач, просветител и прв српски архиепископ, Свети Сава, во организација на Српски културен центар, претседателот на Република Србија и Министерството за односи меѓу заедниците во РСМ. Публиката имаше можност да проследи изведба на еминентни музички и драмски интерпретатори, историчари, публицисти, етномузиколози и настап на културно – уметнички ансамбли: Александар Саша Адамовиќ, настапи со традиционалната “Светосавска беседа”, драмскиот уметник од Југословенско драмско позориште, Бранислав Лечиќ, со “Братољубље низ векове”, драмскиот уметник, актерот од Театар Куманово, Марко Трајковиќ, со “Духовне поуке”, теоретичарот на уметност, Вера Столиќ со “Браќи у походе”, оперската пејачка, мецосопран од Народното позориште од Белград, Жељка Здјелар, ја изведе песната “Светосавље срцу мило”, уметничкиот ансамбл на Министерството на одбрана на Република Србија, ”Станислав Бинички”, настапи со “Православни хоризонти” и КУД “Српски вез” – Куманово, ја затвори свеченоста со “Лети, лети, песмо моја мила”. На овогодинешната академија, присутните ги поздрави претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, упатувајќи празнична честитка до претставниците на српската заедница во Македонија, во присуство на претставници од општинската администрација, членови на Советот на Општината, високи државни функционери од Република Србија, Република Црна Гора, Република Српска и РС Македонија.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email