Од 2 до 4 октомври 2026 година Куманово ќе биде домаќин на два значајни меѓународни саеми: IX Меѓународен саем на органски и традиционални производи „ОРГАНСКА ТРПЕЗА 2026“ и V Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АГРОМАК 2026“.
Саемите се развиваат како тридневна регионална платформа која ги поврзува производителите, компаниите, институциите, општините, стопанските комори, образовните и научните установи, туристичките организации, здруженијата, развојните партнери и локалните заедници.
Во зависност од Вашата дејност, интерес и капацитет, можете да се вклучите како:
- изложувач или продавач;
- програмски учесник;
- носител на програмски столб, зона или партнерски павилјон;
- учесник на B2B, B2I и партнерски средби;
- институционален или стручен партнер;
- покровител, спонзор или поддржувач.
Овие саемски манифестации претставуваат одлична можност за промоција на производи и услуги, воспоставување нови деловни контакти, размена на искуства и знаења, како и развивање нови партнерства и можности за соработка.
Рокот за пријавување е до 20 септември 2026 година. Бројот и распоредот на изложбените позиции се ограничени.
Во Куманово ќе се сплотат нови идеи, партнерства, развој и промоција на органското производство, земјоделството, храната, традицијата и современите технологии!