По донесета Одлука за комунален ред од страна на Советот на Општината, претседателката Ивана Ѓорѓиевска, денеска иницираше работна средба, во присуство на секретарот Емилија Сларидис Јаневска, со претставници и раководни лица на СВР – Куманово, Отсек на управни работи – ОУР Куманово, претставник од Сектор за инспекциски надзор – инспекторат, раководителка на Секторот за комунални работи и инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина и природата и координаторите на советничките групи на Советот на Општина Куманово.
Присутните констатираа дека постапката за отстранување на хаварисани и отпадни возила од јавни површини е сложен процес, но се преземаат конкретни чекори од страна на институциите, за најбрзо решавање на проблемот, во интерес на граѓаните и безбдедноста во сообраќајот, особено во централното градско подрачје.
Надлежните институции продолжуваат со информирање на јавноста за расчистување и отстранување на возилата, кои подолг временски период, се наоѓаат на разни локации (паркинзи на јавни претпријатија, тротоари, семејни дворови и сл.).