Денеска претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска оствари работна средба со Емили Гели, нов офицер за поддршка на заедницата за подрачјето на Куманово при Организација за безбедност и соработка во Европа, Мисија во Скопје (ОБСЕ).
На средбата се дискутираше за продолжување на соработката со Општината во врска со воспоставениот Локален совет за превенција во Куманово. Беше потенцирано и градењето капацитети на избраните жени – советнички во Советот, како и создавање политики и ефективна комуникација на локално ниво. Се разговараше и за споделување најдобри практики за воспоставување Клуб на советнички од сите политички групи на локално ниво. Детално ќе се работи и на градење капацитети на помалубројните етнички заедници во Куманово.