11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

СВР Куманово со превентивни активности за проектот “Safe City”

СВР Куманово со превентивни активности за проектот “Safe City”

Отсек за превенција и Полициска станица за безбедност во сообраќај на патиштата во текот на оваа недела спроведува превентивни активности на различни локации во градот и периферните населби, со цел информирање на возачите и други учесници во сообраќајот за официјално отпочнување на функционирање на безбедносните камери по проектот “Safe City”. Насоките и известувања за прекршочни санкции спротивно на сообраќајните знаци предвидени според ЗБСП, се достапни на страната на МВР на РСМ.Во Куманово на сите возачи и паркирани возила им се поделени и поставени на возилата Известувања од МВР на РМ за висината на прекршочни санкции според сторен прекршок (пр.: поминување на црвено светло, запирање и паркирање во населено место и надвор од него), со цел граѓаните да бидат запознаени со функционирањето на  “Safe City”. Отсекот за превенција и  Полициска станица за безбедност во сообраќајот на патиштата упатуваат апел до сите возачи и учесници во сообраќајот за одговорно однесување, почитување на ограничувања на брзината без сторени прекршоци, со цел да се намалат сообраќајни незгоди и да се спречат несакани последици, истовремено овозможувајќи слободни тротоари за сите пешаци.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email