Во организација на здружението на граѓани “Коледари” – Куманово, денеска се одржа традиционалниот народен собир во чест на Бадник, кој започна во Касапски круг со пеење на божиќни песни, делење на бадникови гранчиња, чај и греана ракија. Коледарите продолжија во црковниот храм Св.Никола, каде се служеше божиќната литургија, пред насобраните верници, според традиционалните обичаи. Народната веселба заврши на градскиот плоштад со музичка програма и делење на божиќни подароци.На празничниот коледарски собир се придружија градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, претседателката и членови на Советот на Општината и претставници на општинската администрација.