Почитувани граѓани со православна вероисповед, денеска го славиме Христовото раѓање, како темел на христовата вера, со единствена мисла за подобро општество и верба во достоинствен живот, исполнет со мир, љубов и благосостојба. Нека најголемиот христијански празник Божиќ ни донесе радост во срцата, топлина во семејството, добра мисла, секојдневен мир и хармоничен живот. Со верба во Бога и сопствен труд, да продолжиме да правиме добри и хумани дела, да негуваме заедништво, несебично подавајќи рака на секого.
Нека е среќен и вечен Божиќ. Христос се роди! Навистина се роди!