Денеска во Занаетчиски дом се одржа Социјален дијалог во рамки на проектот “Учи паметно работи стручно”. Работната средба е во организација на Сектор за образование при Општина Куманово и општинските средни училишта.
Целта на дуалното образование во средните училишта е да создава квалификуван стручен кадар, кој ќе одговори на потребите на производствениот процес и компаниите, односно учениците по завршување на средното образование да бидат подготвени за вработување во процесот на производството.
На средбата присуствуваа директори и наставници од општински средни училишта, претставници на Биро за развој на образование, Државен просветен инспекторат, приватен сектор, ЛЕР и ЛЕСС.
На работната средба беше презентирана анализа на пазарот за потреба од кадри во компаниите и нивна подготвеност за практична обука на ученици на локално ниво, од страна на раководителот на Сектор за образование Александар Јовановиќ. Во склоп на оваа анализа одржан е состанок со директори на училиштата во врска со предлози, сугестии и договор за текот на активностите. Во соработка со МОН креиран е прашалник со намена за овозможување прецизна слика за искористување на можноста за практична обука на средношколци од страна на компаниите, со успешно извршена обработка и анализа на добиените податоци.