По повод 31 јануари, Ден на град Врање и 148 години од ослободување на градот од Турците, делегација на Советот беше во посета на збратимената општина. Членовите на Совет на Општината Рената Пандуревиќ, Самет Салиевски и Сања Јакимовиќ – Петковска, положија свежо свеќе на споменикот на ослободители на Врање од Турците “Чика Мита”. Присуствуваа на прием на делегации со градоначалникот на Врање д-р Слободан Миленковиќ, кој се одржа во просториите на Општина Врање и на Свечена академија во театарот ,,Бора Станковиќ”.
Потсетувајќи се на херојските подвизи и славното минато на град Врање, ова беше одлична можност за одржување континуитет во долгогодишното пријателство и успешната соработка, во духот на заедништвото.