11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Одбележан Ден на град Нови Сад

Одбележан Ден на град Нови Сад

Претставници на Општина Куманово го посетија Нови Сад, по повод 1 февруари Ден на градот, кога пред 278 година се здоби со статус на слободна територија.

Во градот на архитектурата, уникатноста и гостопримството, беше организиран свечен прием на делегации во Општината, на кој домаќини беа градоначалникот Жарко Миќин и претседателката на Собранието Дина Вучиниќ. Раководителите Фросина Краљевска и Александар Крстевски присуствуваа и на Свечена академија во Српскиот народен театар, во рамките на која, покрај културно – уметничката програма, беше доделена и Февруарската награда.

Општина Куманово продолжува да ја одржува досегашната соработка и пријателските односи со Нови Сад, кои ќе донесат нови значајни проекти за доброто на граѓаните.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email