11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

”Црвен крст – без граници” – ораторска вечер

”Црвен крст – без граници” – ораторска вечер

Публиката во Занаетчиски дом, присуствуваше на треттото издание на ораторска вечер, во организација на Црвен крст на РС Македонија – Општинска организација Куманово. На настанот учествуваа средношколци од повеќе општини во земјава: Куманово, Струмица, Гази Баба (Скопје), Охрид, Виница, Битола, Крива Паланка и Гевгелија, кои претходно учествувале на објавениот конкурс и се избориле за вечерашниот финален настап. Учесниците се претставија пред комисија составена од професори, писатели и волонтери на Црвениот крст на РСМ. Преку манифестацијата се промовираа хуманите принципи, солидарноста и универзалната мисија на оваа организација, која има за цел, преку активностите и поддршката на учесниците, да ја зајакне меѓуинституционалната соработка во пошироки размери.
Пред присутните со пригодни зборови се обрати Мила Петрушевска, член на Советот на Општината.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email