11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Благодарници на Димитриевски за поддршка во организација на меѓународен турнир Еуроспорт куп

Благодарници на Димитриевски за поддршка во организација на меѓународен турнир Еуроспорт куп

Денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски оствари средба со Александар Маневски, претседател на Фудбалскиот клуб “Куманово Еуроспорт” и на Општински фудбалски сојуз.

На денешната средба Маневски му додели благодарници на градоначалникот за особен придонес и поддршка за организација на меѓународниот турнир Еуроспорт куп, како и за развој на фудбалот во Куманово.

Општина Куманово продолжува да го поддржува овој квалитетен меѓународен турнир, кој традиционално се организира двапати годишно.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email