Општина Куманово во партнерство со УНДП објавува отворен Повик за избор на изведувач за реконструкција на фасада, кровен покривач и прозорци на објектот на УОМО „Панче Пешев“ – Куманово.
Интервенцијата е дел од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, одбрана како приоритетна мерка на одржани два граѓански Форуми во Општина Куманово во 2025 година.
Проектот е финансиран од Кралство Шведска и Општина Куманово, имплементиран од УНДП со фокус на подобрување на квалитетот на воздухот и унапредување на енергетската ефикасност преку реконструкција на фасадата, кров и прозорци на УОМО „Панче Пешев“ – Куманово со соодветни градежни мерки.
Заинтересираните компании може да аплицираат преку следниот линк
https://procurement-notices.undp.org/view_negotiation.cfm?nego_id=42768 Краен рок за поднесување на понудите е 5 март 2026 година (четврток), до 11:00 часот. За дополнителни информации, погледнете ја техничката документација објавена на линкот.