ЗА ПОВИКОТ
Повикот е согласно Програма на Сектор на меѓународна соработка и евроинтеграции стратешко планирање, креирање политики, следење и (ЛЕР) , со Бр. 09-3467/10 од 25 февруари 2026 година, во планирани активности на Одделение за ЛЕР за 2026 год.
Целта на Осмомартовскиот саем е да создаде пријатна и инспиративна атмосфера во духот на Меѓународниот ден на жената, со: цветови, ракотворби, локални производи и креативни изработки.
Саемот овозможува промоција и продажба на: локални занаетчии, претпријатија и организации, поттикнувајќи културна разноликост, креативност и интеракција помеѓу изложувачи и посетители.
Саемот обезбедува на: локални занаетчии, претпријатија и организации да ги презентираат своите производи и услуги, да разменуваат искуства и да воспоставуваат контакти со посетители и потенцијални партнери.
Покрај економски и промотивен карактер, саемот има и културно – едукативна димензија, поттикнувајќи граѓаните да се вклучат активно, да уживаат во креативната атмосфера и да ја зајакнат поврзаноста во заедницата.
РЗК Куманово и Општина Куманово.
Ги информираат сите заинтересирани правни и физички лица за можноста за изнајмување продажен штанд на претходно утврдена и одобрена локација.
Локација: Градски плоштад „Нова Југославија“, центар на градот
Период на настанот: 05.03.2026 – 10.03.2026 година
Цел на настанот:
- Одбележување на 8 Март – Меѓународниот ден на жената.
- Афирмирање на улогата, придонесот и значењето на жената во општеството.
- Поддршка и промоција на локални производители, занаетчии и мали бизниси.
- Поттикнување на женско претприемништво и економска активност.
- Обезбедување простор за изложување и продажба на пригодни производи (цвеќе, ракотворби, подароци и декоративни артикли).
- Создавање свечен, естетски и тематски уреден амбиент во јавниот простор.
- Разубавување на урбаната средина и збогатување на културниот живот во заедницата.
- Поттикнување на социјална интеракција, дружење и зајакнување на заедништвото меѓу граѓаните;
- Локален економски развој;
Опис на штандовите и цена
Поставени ќе бидат 10 (десет) дрвени штандови со следниве спецификации:
- Дрвена конструкција;
- Цврста покривна конструкција;
- Димензии: ширина 2 m, длабочина 2 m, висина 2,60 m
- Опрема : Маса/ тезга Полици за изложување
- Електричен приклучок(220)
- Место за брендирање
- Транспорт, монтажа и демонтажа на штандовите на бараната локација
Штандовите ќе бидат доделени без паричен надомест, со цел поддршка на локалната економија.
Критериуми за избор
- Тематска усогласеност со духот на 8 Март – Меѓународниот ден на жената (производи и декорации во празничен и свечен амбиент).
- Квалитет, естетика, оригиналност и безбедност на производите што ќе се изложуваат и продаваат.
- Поттикнување на женско претприемништво и поддршка на локални производители, занаетчии и креативци.
- Разновидност на понудата (цвеќе, ракотворби, подароци, декоративни производи, тематски артикли и сл.)
- Предност ќе имаат лица кои произведуваат и продаваат цветни производи;
Ограничен број штандови – предност ќе имаат навремено поднесените пријави и понудите што придонесуваат за разновидност и квалитет на саемот.
Видови излагачи:
- Производители и продавачи на цвеќе (свежо цвеќе, цветни аранжмани, саксиско цвеќе).
- Занаетчии и ракотворци (рачно изработен накит, украси, плетени и шивани производи, уметнички предмети).
- Производители на подароци и декоративни производи (сувенири, персонализирани подароци, украсни предмети).
- Козметички и wellness производи (природна козметика, сапуни, миризливи свеќи, производи за нега).
- Уметници и креативци (сликари, дизајнери, илустратори).
Услови за користење на штандови:
Време на користење
Штандовите мора да се користат во согласност со времетраењето на настанот – секој ден во периодот од 05.03.2026 до 10.03.2026 година, во временски интервал од 10:00 до 20:00 часот (или во согласност со официјално утврдениот работен термин).
Намена на штандовите
Штандовите се наменети исклучиво за промоција и продажба на локални производи и услуги, во духот на осмомартовска тематика.
Одржување ред и хигиена
Корисниците се должни да го одржуваат штандот и околниот простор, чист, уреден и безбедeн, како и да го враќаат во првобитна состојба по завршување на користењето.
Рекламирање и промоции
Забрането е поставување рекламни материјали, банери или активности кои не се во согласност со целта на настанот или не се претходно одобрени од организаторот.
Усогласеност со законските прописи
Корисниците се должни да ги почитуваат сите важечки законски прописи. Забрането ее продажба на храна и пијалоци.
Забранети активности
Не е дозволено оптоварување на штандовите со опрема што може да ја наруши нивната стабилност, како и практикување дејности кои можат да предизвикаат опасност, непријатност или нарушување на јавниот ред.
Одговорност
Корисниците се одговорни за штетите предизвикани врз штандот, опремата или просторот, настанати поради нивно невнимание или неправилно користење.
Електрична енергија за осветлување ќе биде достапна од страна на организаторот.
Да не се користат електрични уреди за греење од штандот од приклучокот на организаторот.
Доколку има потреба од дополнително користење на електрична енергија за греење, како и подготовка на производи самиот корисник на штанд треба да си обезбеди самостоен приклучок или агрегат, на свој трошок.
При користење на друг извор на енергија да се носи и опрема согласно стандарди ПП апарати и други согласно закон.
Електрична енергија за греење и призводство може да се користи независно од организаторот на сметка на корисникот.
Право на суспензија
РЗК Куманово го задржува правото да го ограничат или суспендираат користењето на штандот во случај на непочитување на поставените правила, мерки или законски прописи.
Потребни документи за пријава на јавниот повик:
Сите заинтересирани треба да пополнат Барање за користење на штанд, најдоцна до 03.03.2026 год. до 14: 00 час , во канцеларијата на Регионална Занаетчиска комора Куманово, со седиште на ул. “Гоце Делчев” бр. 71 , 1300 (Дом на Занаетчии – Куманово)
Контакт:
mail: [email protected]
Тел: 070 542-162