11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

Презентирани позитивни практики за воспоставување социјални услуги на локално ниво во Белград

Презентирани позитивни практики за воспоставување социјални услуги на локално ниво во Белград

На покана на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), Тања Стефановска вработена во Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово, учествуваше на конференција во Белград, како единствен претставник од локалните самоуправи во државава. Оваа конференција се одржа во организација на ГИЗ, во рамки на проектот “SPARK – Унапредување на социо – економското учество во општините во Западен Балкан”.

Како еден од учесниците на панел дискусија на тема “Зајакнување на локалните механизми за социјално – економска инклузија”, Стефановска го презентираше процесот, преку кој Општината за краток период успеа да воспостави повеќе социјални услуги, кои во претходниот период беа мапирани како потребни на граѓаните на Куманово. Успешно беа презентирани добрите практики на Општина Куманово, во однос на воспоставување социјални услуги на локално ново.

Целта на конференцијата е поддршка за социјална инклузија и перспективи за младите во рурални области во Србија, како и напредок на социјално – економското учество во општините во Западен Балкан.

На регионалната конференција учествуваа претставници од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Известување