Се известуваат граѓаните на Општина Куманово за претстојните третмани, кои ќе се реализираат во период 18 до 20 мај 2026 година, од 08 до 16 часот. Во првиот пролетен циклус ќе се одвива дератизација против глодари и третман против бубашваби, во канализационата мрежа на територија на Општина Куманово. Во процесот на дератизација ќе се користи препаратот дератион парафинато и препаратот цимина плус за третман против бубашваби.
Доколку временските услови нема да бидат соодветни за извршување на предвидените активности, третманите ќе бидат одложени за нареден период, кога временските услови ќе бидат поволни.