11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

Практични обуки  фокусирани на личен развој, зајакнување и подобрување на благосостојбата на девојки и жени

Практични обуки  фокусирани на личен развој, зајакнување и подобрување на благосостојбата на девојки и жени

Women in Tech Macedonia во соработка со Општина Куманово го спроведува проектот „AI4HerWellbeing“, како серија практични обуки со вкупно времетраење од 4 часа, фокусирани на личен развој, зајакнување и подобрување на благосостојбата.

Отворен повик за учество во „AI4HerWellbeing“ обуките, иницијатива која комбинира вештачка интелигенција и вработливост, наменета за девојки и жени.

Формулар за пријава: https://forms.gle/QtRXnG2xbWHbJpXn6

Програмата комбинира пристапи од гешталт и арт – терапија со практична примена на вештачка интелигенција, со цел учесничките да стекнат корисни алатки, што можат да ги применат во секојдневниот живот и работа.

Целна група: девојки и жени од 22 до 55 години

Локации и термини:

16 јуни 2026, 10:00–14:00 – Општина Куманово во просториите на Поранешен комитети ( кружна сала)

М-р Цветанка Штерјова Бурзевска – лиценциран психолог, гешталт психотерапевт и арт терапевт

М-р Моника Ризовска Таневска – претседател на Women in Tech Macedonia, основач на AI Collective Скопје и CEO на Davleo Consulting

Проектот е кофинансиран од Европската Унија, во рамки на мрежата Младински Хаб на Западен Балкан и Турција, а се реализира во тесна соработка со општините.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Јавна дебата со граѓански организации и фондации
Соопштенија
СООПШТЕНИЕ