11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Честитка по повод 24 Мај – Ден на Св. Кирил и Методиј

Честитка по повод 24 Мај – Ден на Св. Кирил и Методиј

Денес го чествуваме делото на сесловенските просветители и учители, светите солунски браќа, Кирил и Методиј, уште еднаш со благодарност се сеќаваме на непроценливото наследство, кое го оставија на словенските народи. Живописот на светите браќа сведочи за големината на човековата верба и истрајност, за правдината, за хуманоста, непобедливоста и нескршливоста на човековиот дух. Нивната мисија им овозможи на словенските народи сами да го спознаат Божјото слово, сами да ја создаваат и да ја пренесуваат својата култура и традиција, испишувајќи ја сопствената историја. Наша должност е одговорно да го користиме јавно изговорениот збор, да го чуваме и почитуваме јазикот – нашето богатсво и идентитет, особено денеска кога живееме во време на предизвици. Нека е вечно нивното име, за многу години големиот празник Св.Кирил и Методиј!

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email