11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Заедно за почиста и поодговорна заедница! – едукативна работилница

Заедно за почиста и поодговорна заедница! – едукативна работилница

Претставници од Одделението за заштита на животната средина и природата од Општина Куманово, во соработка со претставници на ЈП Чистота и зеленило – Куманово, на иницијатива на неформалната женска група од населбата Карпош, во организација на Хуманитарното здружение “Мајка” – Куманово, денеска одржаа едукативна работилница, со ученици од VI до IX одделение, во ООУ „Магдалена Антова“ – Куманово.
Преку интерактивна дискусија и едукативни содржини, учениците имаа можност да се запознаат со важноста на правилното селектирање на отпадот, заштитата на животната средина и улогата што секој поединец ја има во одржувањето на чиста и здрава заедница. Целта на активноста е  да се подигне свеста кај младата популација на повисоко ниво, за одговорно управување со отпадот и значењето на стекнување и развој на еколошки навики во секојдневниот живот.
Оваа работилница претставува вовед во пошироката еколошка иницијатива, што ја предводат жените од населбата Карпош. Следен чекор е организирање на акција за чистење на просторот околу стадионот „Карпош“, преку која заеднички ќе се придонесе за почиста, поуредена и поздрава животна околина.
Мото на еколошкиот проект е “Малите чекори создаваат големи промени”. Акцијата продолжува на локално ниво, со нови активности.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
СООПШТЕНИЕ