11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

“Зелен караван” во Општина Куманово

“Зелен караван” во Општина Куманово

Општина Куманово преку Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита е поддршка на настанот “Зелен караван” во Куманово, во организација на Центар за младински активизам – ЦМА КРИК, во партнерство со здружението Центар за социјални иницијативи – “Надеж” и Здружението на социјални работници на Македонија.

Денешниот настан ќе се реализира на платото пред НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, со повеќе активности: stand up настап на тема животна средина, во изведба на актерката Надица Петрова, музичка програма и презентација на локални зелени иницијативи и креативни изработки (проектни активности).

Целта на оваа јавна манифестација на отворено е подигање на еколошката свест кај граѓаните за заштита на животната околина, климатските промени и важноста на зелената перспектива во социјалната и младинската работа.

“Зелен караван” е дел од проектот “ЗЗЗ – Заеднички за зелено застапување за заштита на животната средина”, поддржан Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, Оваа иницијатива е поврзана со настанот “Малите чувари на водата”, кој беше реализиран со поддршка на Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово.

На денешниот еко – хепенинг присуствуваа претставници од општинската администрација.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email