11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Патронен концерт на УОМО “Панче Пешев”

Патронен концерт на УОМО “Панче Пешев”

Во НУЦК „Трајко Прокопиев“ со свечена музичка програма учениците и наставниците од УОМО „Панче Пешев“- Куманово го одбележаа патрониот празник.

Пред многубројната публика настапија соло интерпретатори, пејачи, инструменталисти, хорот и оркестарот на училиштето, изведувајќи дела од класичната музика и популарни светски хитови, во чест на патронот – народниот херој Панче Пешев. На годинешниот концерт настапија кумановските млади таленти Ивона Јо и Петар Радевски, кои ја надополнија свечената програма.

Училиштето и оваа година го потврди својот квалитет и посветеност во музичкото образование, освојувајќи вкупно 14 награди: 4 државни, 9 меѓународни и 1 интернационална награда во класите пијано, виолина и соло пеење.

Овој значаен јубилеј е уште една потврда дека УОМО „Панче Пешев“ продолжува да ја исполнува својата мисија – препознавање и развивање на млади музички таленти.

На концертот присуствуваа претставници на општинска администрација и членови на Совет на Општината, кои дадоа поддршка на учениците и нивниот развој.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email