Викендов на градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи 6-тиот Меѓународен боксерски турнир “Мирослав Петровиќ”.
На 12.06. (петок) ќе се одржи полуфиналето, а големото финале е на 13.06.2026 година (сабота). Турнирот започнува во 17.00 часот.
Овој масовен спортски настан се одржува во организација на Боксерски клуб Куманово и Општински сојуз на спортови, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, Министерство за спорт на РСМ и Боксерска федерација на РСМ.