Завршниот тематски годишен концерт на Здружението за модерни и спортски танци “Виртус 018”, се одржа вечерва во Младински културен центар “Козјак” – Куманово.
Пред љубителите на танцовата уметност се претставија околу 100 учесници, со модерни танци, латино – американски и стандардни танци, од две локални студија, Танцовиот спортски клуб ТСК “Динамик” и организаторот на манифестацијата ЗМСТ “Виртус 018”- Куманово.
Танчерите настапија на музика од познати македонски евергрин мелодии, проект поддржан од Општина Куманово, како дел од Програмата за културни манифестации за 2026 година.
На музичкиот настан присуствуваа претставници од општинската админстрација и членови на Советот на Општина Куманово.
