11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

“Првенци на генерација за учебната 2025/26 година”- свечено прогласување

“Првенци на генерација за учебната 2025/26 година”- свечено прогласување

Во организација на Здружението на просветни работници Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината, денеска во Занаетчиски дом, беа прогласени првенци на генерацијата за учебната 2025/26 година. На свечената прослава со пригодна реч присутните ги поздравија градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателката на ЗПР Куманово, Анита Димовска, упатувајќи најискрени честитки до најуспешните ученици, со желби за повисоки достигнувања во текот на образовниот процес.
Признанија, монети со позлата и ваучери од име на Општина Куманово, им беа врачени на 32 ученици, од кумановските основни и средни училишта и основните училишта од Општина Старо Нагоричане, а од страна на Здружението на просветни работници, им беа доделени дипломи и плакети. Манифестацијата со музички настап ја збогатија учениците и наставниците од УОМО “Панче Пешев” – Куманово и членовите од Балетското студио УЛТРА, на задоволство на многубројната публика,  претставници од општинската администрација и членовите на Советот на Општината, кои ги поделија наградите заедно со градоначалникот.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Осмо издание на Фестивал на хорови во Куманово
СоопштенијаНовости
Годишен концерт на Балетско студио УЛТРА
СоопштенијаНовости
“Срце без граници” – Bears moto rock fest 2026