По обилните врнежи од дожд што го зафатија Куманово, состојбата е под контрола и сите надлежни служби реагираа навремено и координирано.
Изведувачите на проектите во градот се ангажирани да ги санираат последиците од невремето на градилиштата. Екипите на јавните претпријатија, Територијалната противпожарна единица и останатите служби беа постојано на терен, работејќи на расчистување на наносите, чистење на атмосферската канализација, испумпување на вода и санирање на критичните точки низ градот.
За сите граѓани кои претрпеле материјална штета од поплавите, Општина Куманово овозможи поднесување на Барање до Комисијата за процена на вредност на штета од природни несреќи и други непогоди, во архивата на Општина Куманово, најдоцна до 10.07.2026 година (петок).
Во прилог на барањето потребно е да се достави:
– Копија од личен документ (лична карта) / решение за правни субјекти
– Копија од имотен лист
– Копија од трансакциска сметка на сопственикот
Доколку документацијата не е комплетна при поднесувањето, Комисијата ќе ги информира барателите за дополнување при увид на лице место.
Општина Куманово останува на располагање на граѓаните и продолжува внимателно да ја следи состојбата.