11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

“Пат околу светот за 80 дена” – мјузикл

“Пат околу светот за 80 дена” – мјузикл

На сцената на НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, танчерите на Денс студио “МАК” и Танцовиот спортски клуб “Мерлин”, се претставија со најновиот музичко – сценски спектакл ”Пат околу светот за 80 дена”, инспириран од безвременското дело на Жил Верн.

Публиката имаше можност да проследи настап, односно патување низ повеќе континенти и светски дестинации со различни култури. Перформансот ги обедини танцот, театарот, музиката и филмот, пропратен со специјално создадени филмски секвенци и LED визуелизации, кои ја следат приказната на авантуристот Филеас Фог, кој се обложува дека може да го обиколи светот за 80 дена.

Маестралниот мјузикл е во режија на познатиот кумановски драмски уметник Горан Илиќ, музиката е дело на Шпенд Љатифи, кореографијата ја потпишува Мерлин Стојановска, додека филмската продукција, видеомонтажата и визуелните ефекти ги создава Андреј Стојановски, на креативен и иновативен начин, прифатливи и разбирливи за љубителите на уметноста.
Проектот е реализиран со поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам на РСМ.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
Реакција на прес на СДСМ
СоопштенијаНовости
Известување