11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

Кампања за превенција и заштита од пожари

Кампања за превенција и заштита од пожари

 

Отсек за превенција – СВР Куманово во соработка со Општински совет за превенција на детско престапништво, денеска на градскиот плоштад спроведоа кампања, преку информативни разговори со случајните минувачи и делење на превентивни флаери за заштита од пожари, претпазливо и одговорно однесување во текот на летните месеци.
До сите граѓани се упатува апел за внимание, за заштита на имотот (дворови, викендици и сл.), околината, да не се палат стрништа и да се внимава при движење низ шумските предели и природата, при високи температури.
Бидејќи е сезона на годишни одмори, да не се ставаат фотографии од летување на социјалните мрежи, за да заштитат домовите од кражба, да не се привлекува внимание со оставање на вредни работи на видни места во автомобили и др.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Кумановско културно лето 2026
Соопштенија
СООПШТЕНИЕ