Претставници од детските фолклорни ансамбли кои учествуваат на овогодинешниот фестивал (10-11 јули 2026 год.), во организација на Детско младински фолклорен фестивал “Срма” – Куманово, денеска присуствуваа на прием во Занаетчиски дом.Претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, со пригодна реч ги поздрави делегациите на културно – уметничките друштва од Македонија, Србија и Црна Гора, посакувајќи им успешен настап и пријатен претстој во нашиот град.На треттото издание на традиционалниот фолклорен настан, ќе настапат 17 ансамбли, кои низ песна и игра, ќе ги претстават културните вредности и уметничкиот дух на своите земји.Манифестацијата се реализира со поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам на РСМ.





