11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Започна Меѓународниот фолклорен фестивал во Куманово

Започна Меѓународниот фолклорен фестивал во Куманово

Со дефиле низ градските улици и свечено отворање на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, денеска почна седмото издание на Меѓународниот фолклорен фестивал во Куманово. До недела, публиката ќе има можност да проследи настапи на фолклорни ансамбли од Парагвај, Порторико, Турција, Казахстан, Србија и Македонија.

Меѓународниот фолклорен фестивал годинава се организира по седми пат. За првпат, дел од програмата ќе се одржи и надвор од Куманово, со цел манифестацијата да биде достапна и за пошироката публика.

Пред публиката се обрати градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, истакнувајќи ја улогата и мисијата на фолклорните уметници, посакувајќи им незаборавни моменти на сите гости, кои допатуваа од повеќе градови од земјава и странски држави. На настанот присуствуваше и претседателката на Советот на Општината Ивана Ѓорѓиевска и членови на општинската администрација.

По отворањето во Куманово, фестивалската програма продолжува на 17 јули во Скопје и на 18 јули во Кратово, додека завршната фестивалска вечер ќе се одржи на 19 јули, повторно во Куманово.

До недела, љубителите на фолклорот ќе имаат можност да проследат настапи на ансамбли од Парагвај, Порторико, Турција, Казахстан, Србија и Македонија, кои ќе се претстават со традиционални песни, игри и обичаи од своите земји.

Фестивалот се одржува во организација на КУД “Панче Пешев”, со финансиска поддршка на Општина Куманово и Министерството за култура и туризам.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Кампања на Отсек за превенција