11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

СоопштенијаНовости

ТППЕ Куманово доби ново противпожарно возило

ТППЕ Куманово доби ново противпожарно возило

Општина Куманово доби ново противпожарно возило со капацитет од 9.000 литри вода, донација од аеродромот во Инсбрук – Австрија, обезбедена преку долгогодишна соработка помеѓу Општина Куманово и покраината Тирол.

Со оваа донација, ТППЕ Куманово добива седмо противпожарно возило, со што значително се зајакнуваат капацитетите на Единицата.

При примопредавањето, командирот на ТППЕ Куманово Борис Станковски, се сретна со покраинската министерка за цивилна заштита и заштита при катастрофи Астрид Маир, како и со раководството на аеродромот во Инсбрук и командирот на противпожарната бригада на аеродромот.

Претставниците на ТППЕ Куманово во Австрија поминаа петдневна обука за користење на возилото и се запознаа со функционирањето на доброволните противпожарни друштва во Австрија и Хрватска.

Поддршката и придонесот на сите партнери и соработници се од особено значење за успешно функционирање и континуирано унапредување на работата на Територијалната противпожарна единица – Куманово.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
Кампања на Отсек за превенција