По одржаниот состанок на членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување, секретарот на Општина Куманово Емилија Сларидис Јаневска, директорот на ЈП “Чистота и зеленило” Сашо Томиќ и директорката на ЈП “Национални шуми” Подружница Куманово Катица Ристовска, одржаа прес – конференција во врска со оперативната состојба на терен по временската непогода во Куманово.
За пријавување на штети и потреба од помош за санирање на последиците од невремето, граѓаните можат да се обратат на:
Општинскиот штаб за заштита и спасување, 078/365-061.
За итни интервенции, ТППЕ Куманово, 193.
Даниел Спиридонов (овластено лице од Општина Куманово), 071/338-034.
Засегнатите граѓани треба да достават Барање во архива на Општина Куманово.