Почитувани граѓани,
ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово Ве известува дека од 27.07.2026 година (понеделник), ќе започнат градежни работи за реконструкција на капелата на градските православни гробишта.
Реконструкцијата ќе се реализира во рамки на проект финансиски обезбеден од Владата на РСМ, аплициран преку Општина Куманово, со цел подобрување на условите и квалитетот на услугите за граѓаните.
Јавното претпријатие упатува апел до сите посетители на гробиштата да покажат разбирање, да ги почитуваат поставените ознаки и упатствата, како и да се движат внимателно во зоната, за време на изведувањето на градежните активности.
И покрај реконструкцијата, капелата нема целосно да биде затворена. Активностите ќе се изведуваат во две фази, така што дел од просториите на капелата ќе бидат во функција, со цел непречено одвивање на погребалните обреди.