„Најостро го осудувам вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово!
Барам од органите на истрагата да го утврдат идентитетот на сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата.
Куманово од секогаш бил град на мултикултура и соживот, таков и ќе остане, ваквите дејствија не се патриотизам туку чист шовинизам кој подгрева национална нетрпеливост против која се сите граѓани на Куманово.“