11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Реконструкција на капела на градските гробишта во Куманово

Реконструкција на капела на градските гробишта во Куманово

Започна реконструкцијата на капелата на градските православни гробишта во Куманово. Продолжува реализација на капиталните проекти, кои се од особено значење за граѓаните. Со реконструкција на капелата ќе се обезбеди современ, функционален и достоинствен простор, со значително подобрени услови за користење и поквалитетна услуга за граѓаните. Вредност на проектот: 36.162.712,00 денари, изведувач: „ВИА“ ДОО увоз-извоз Вевчани, надзор: ЕВРО КОНСАЛТИНГ ДОО увоз-извоз Скопје.
Општина Куманово продолжува со реализација на големи проектни инвестиции и активно работи на обезбедување на финансиски средства од централната власт и други извори, со цел да создаде подобра инфраструктура и повисок животен стандард за сите граѓани.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
НовостиСоопштенија
Интернационална ликовна колонија “Куманово 2026”