Градоначалникот Максим Димитриевски, со претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Сектор за образование, Александар Јовановиќ, присуствуваше на прием на првачиња во ООУ “Браќа Миладиновци” – Куманово и ООУ “Кирил и Методиј” – с.Романовце. Пред родителите и просветните работници, на најмалите ученици им посака среќен почеток, успех во учењето и безброј детски насмевки во училишните клупи, во текот на училишната година. Пригодниот настан беше збогатен со културно – уметнички настап на учениците, кои им посакаа добредојде на првачињата. Првиот училишен ден го означи стартот на новата учебна година за 898 првачиња и 1098 средношколци во прва година, кои се запишани во општинските основни и средни училишта.









