11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Соопштенија

Конкурс за избор на сувенир на Општина Куманово за 2026 година

Конкурс за избор на сувенир на Општина Куманово за 2026 година

Општина Куманово врз основа на Програма на Сектор за меѓународна соработка, евроинтеграции, стратешко планирањe, креирање политики, следење и локален економски развој за 2026 година, број: 09-3467/10 од 25 февруари 2026 год. објавува:

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА СУВЕНИР НА ОПШТИНА КУМАНОВО ЗА 2026 ГОДИНА

  Општина Куманово врши избор за најдобар сувенир на град Куманово. Општината на овој начин подржува идеи и автентични трудови со цел да придонесат кон креирањето на производ кој ќе ги отсликува карактеристиките на градот, во насока на зголемена промоција. На овој начин се дава подршка и мотивација за работа на дел од занаетите.

За таа цел, општина Куманово ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица, кои ги познаваат  одлуките на градот и околината, со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција.

Критериумите за учество се следни:

  1. Сувенирот мора да ги содржи елементите на препознатливост и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово;
  2. Сувенирот мора да биде прилагоден за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот;
  3. Сувенирот треба да биде изработен од материјал, големина и боја според замислата на авторот. За изработка на сувенирот можат да се користат стасбилни и еколошки прифатливи материјали како што се: керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс, текстил и други;
  4. Идејната концепција, развојот и начинот на изработка на сувенирот, техничките услови за израборка и материјалот од кој е изработен треба да бидат текстуално образложени;
  5. Краен рок за доставување на трудовите е 30 септември (среда) 2026 год., до 15:00h;
  6. Наградата за “Сувенир на општина Куманово” е една и изнесува 150 000,00 денари со вклучен ДДВ;
  7. Наградата од 150 000,00 денари ќе биде поделена на два дела:
  • Првиот дел во износ од 30.000,00 денари ќе биде наменет за добитникот за мотивација и вложен труд;
  • Вториот дел од наградата, добитникот на наградата во меѓусебен потпишан договор со Општина Куманово, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово во износ од 120.000,00 денари;
  1. Изработениот сувенир заедно со текстуално образложение на идејната концепција, опис на материјалот од кој е изработен сувенирот и проценета вредност за еден примерок од трудот во денари со вклучен ДДВ, треба да се достави во затворен плик (кутија) на адреса: Општина Куманово, 11 Октомври бб, со назнака “Конкурс за избор на сувенир на Општина Куманово” со назнака во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ”. Во посебен плик приложен со трудот со назнака “АВТОР” се достасвува пријава со податоците за авторот. Пријавата треба да ги содржи следните елементи: податоци за авторот-име и презиме и адреса, телефон, е-маил и потпис со кој потврдува дека трудот е негово авторско дело;
  2. За избор на “Сувенир на општина Куманово” , општина Куманово формираше Комисија која ќе одлучува врз основа на горенаведените критериуми и резултатите ќе ги објави најдоцна во рок од 15 дена од завршувањето на постапката.
  3. Трудовите кои нема да ги содржат сите елементи од конкурсот, односно се некомплетни и ненавремено достсавени нема да бидат предмет на разгледување.
  4. Комисијатас го задржува правото да не ја додели наградата на ниту едед труд, доколку заклучи дека трудовите не ги задоволуваат критериумите.
  5. Доколку на конкурсот не се пријави ниту еден кандидат, конкурсот се смета за поништен и постапката за избор на сувенир на општина Кумановоч ќе се повтори.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на: телефон 076/238 – 944 , секој работен ден од 08:00 – 16:00 часот, e-mail: [email protected],                         e-mail: [email protected], e-mail: [email protected] или во просториите на Општина Куманово на ул. „Иво Лола Рибар“ бр. 9, поранешниот хотел „Солун“, втор кат, (Одделение за стеатешко планирање, креирање на политики, следење  и локален економски развој).

Конкурс за избор на сувенир на Општина Куманово 2026.pdf

Конкурс за избор на сувенир на Општина Куманово 2026 – word

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email