11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Соопштенија

Меѓународни саеми „ОРГАНСКА ТРПЕЗА 2026“ и „АГРОМАК 2026“ во Куманово

Меѓународни саеми „ОРГАНСКА ТРПЕЗА 2026“ и „АГРОМАК 2026“ во Куманово

Од 2 до 4 октомври 2026 година Куманово ќе биде домаќин на два значајни меѓународни саеми: IX Меѓународен саем на органски и традиционални производи „ОРГАНСКА ТРПЕЗА 2026“ и V Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АГРОМАК 2026“.

Саемите се развиваат како тридневна регионална платформа која ги поврзува производителите, компаниите, институциите, општините, стопанските комори, образовните и научните установи, туристичките организации, здруженијата, развојните партнери и локалните заедници.

Во зависност од Вашата дејност, интерес и капацитет, можете да се вклучите како:

  • изложувач или продавач;
  • програмски учесник;
  • носител на програмски столб, зона или партнерски павилјон;
  • учесник на B2B, B2I и партнерски средби;
  • институционален или стручен партнер;
  • покровител, спонзор или поддржувач.

Овие саемски манифестации претставуваат одлична можност за промоција на производи и услуги, воспоставување нови деловни контакти, размена на искуства и знаења, како и развивање нови партнерства и можности за соработка.

Рокот за пријавување е до 20 септември 2026 година. Бројот и распоредот на изложбените позиции се ограничени.

Во Куманово ќе се сплотат нови идеи, партнерства, развој и промоција на органското производство, земјоделството, храната, традицијата и современите технологии!

Официјална покана МК

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email