Општина Куманово се приклучи кон националната кампања за одбележување на Европска недела на спортот, која се реализира од 23.09. до 30.09. 2026 година, под мотото #BeActive – „Активирај се!“.
MOVE MK е национална реализација на Европската недела на спортот (European Week of Sport – EWoS), координирана преку Министерството за спорт на Македонија, со активности насочени кон поттикнување на физичка активност и активно учество на граѓаните. Кампањата се спроведува во повеќе од 40 европски земји.
Целта на кампањата е да поттикне национална мобилизација за активност, започнувајќи од ученици во основни и средни училишта, преку работните места, спортските клубови и приватниот сектор, до отворените простори, парковите и местата за рекреација.
Активностите во рамките на Европска недела на спортот се реализираат во сите 80 општини во земјава. Денеска се вклучија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ и СОУ „Перо Наков“, испраќајќи јасна порака дека спортот е важен дел од здраво и квалитетно секојдневие.