Се известуваат граѓаните, жители на месната заедница Карпош од с.Винце, Куманово, за претстојниот собир на граѓани, на кој ќе се бира ново раководство на месната заедница.
Собирот ќе се одржи на 04.10.2026 година (недела), во просториите на црквата Св.Никола во с.Винце, со почеток во 12:30 часот.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани, жители на с.Винце да присуствуваат на настанот и со себе да понесат документи за лична идентификација (лична карта или патна исправа – пасош).