По повод одбележувањето на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, најмалите распеани ѕвездички од нашиот град, ќе имаат настап во живо, на сцената на Занаетчиски дом, вечерва во 19 часот.
Музичката вечер е во организација на Асоцијацијата за култура и уметност – “МУЛТИ АРТ” – Куманово, со поддршка на Општината. Посветена е на детскиот талент, креативноста и љубовта кон татковината.
“Мали, но големи пејачи” е традиционален концерт, чие премиерно издание беше на 16 мај 2026 година, во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово.
Вториот концерт е закажан на 18 ноември, влезот е бесплатен!