11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Одбележана 114 – годишнина од Кумановската битка

Одбележана 114 – годишнина од Кумановската битка

Во знак на спомен и почит кон жртвите кои загинаа во Кумановската битка (23 и 24 октомври 1912 година), денеска на Спомен – костурница “Зебрњак”, бројни делегации положија свежо цвеќе. На комеморативната свеченост, Општина Куманово ја претставуваа директорот на ЈОУ Дом за стари лица “Зафир Сајто” – Куманово, Александар Крстевски, директорката на ЈОУ Детска градинка “Ангел Шајче”- Куманово, Ивана Николиќ и член на Советот на Општината, Зоран Јовановски, на покана на Одборот на Владата на Р Србија за негување на традициите на ослободителните војни на Србија и Амбасадата на Р Србија во РС Македонија. Присутните имаа можност да проследат пригодна културно – уметничка програма. Настанот го организираа Српската заедница во Македонија и Српскиот културен центар од Скопје, под покровителство на Министерството за надворешни работи – Управата за дијаспора и срби во регионот и Министерството за труд, вработување, боречки и социјални прашања на Р Србија. Кумановската битка е значајна за конечната победа на балканските земји над Отоманската империја.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email