11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Среќен празник граду мој! – Мега концерт во чест на празникот 11 Ноември

Среќен празник граду мој! – Мега концерт во чест на празникот 11 Ноември

Градскиот плоштад во Куманово вечерва беше место на вистински музички спектакл. Традиционалниот мега концерт, организиран во чест на Денот на градот, собра стотици граѓани, кои уживаа во богата и разновидна музичка програма под отворено небо.
Музичкиот хепенинг официјално го отвори градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој упати срдечна празнична честитка до граѓаните, посакувајќи им добро здравје, радост, среќа и незаборавно празнично дружење
Во препознатливиот празничен амбиент, публиката имаше можност да се забавува во ритамот на поп, рок, хард рок, хип-хоп и рап музиката, во изведба на еминентни локални и национални уметници. Музичката увертира на вечерта ја приредија Анастасија Спасевска, Марио Арангеловски, Ивона Јо, Мартинијан Кириловски, Лука Чомбе, Драгана Јовановска и Филип Александровски. За вистинска празнична еуфорија се погрижија и The Solution, Young Dadi, Bardhi, како и енергичните Brass Brothers. Кулминацијата на забавата ја предизвика една од најпознатите македонски групи Next Time, со емотивен настап и богат репертоар.
Во текот на празничната ноќ, небото над Куманово беше осветлено со спектакуларен огномет, симболично означувајќи го роденден на градот.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email