Денеска со посебна почит, на сите граѓани со православна вероисповед им го честитам Бадник, предвесникот на Христовото раѓање. На овој празничен ден посакувам да не следат здравје, радост, љубов и сплотеност. Да се обидеме да ги победиме разликите што не разделуваат, преку взаемно разбирање и надеж за подобри денови.
Во исчекување на големиот христијански празник, во духот на обичаите и традицијата, ви посакувам пријатна и топла семејна атмосфера, опкружени со најблиските на Бадник.
Нека е честит и среќен денешниот ден! За многу години!