11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Честитка од градоначалникот Димитриевски по повод националниот празник Свети Сава

Честитка од градоначалникот Димитриевски по повод националниот празник Свети Сава

Почитувани припадници на српската заедница во Македонија, денеска го чествуваме делото на првиот српски архиепископ, просветител и духовник Свети Сава, кое има огромно значење во културниот и духовниот развој на српската етничка заедница. Како симбол на српскиот народ, овој просветител донесе незапирливо ширење на христијанската мисла на Балканот, со меѓусебно почитување, доверба и соживот.

Да продолжиме напред со заеднички сили во намерата за обезбедување на раст и развој на земјава, подобар стандард на секој граѓанин, подобри можности на секое општествено поле. Поддршката во заедничко почитување и зближување меѓу луѓето ќе ни донесе стабилност, сигурност и бериќет.

Успешно да го одржуваме духот на ваквите празнувања, како и традицијата на различни етнички заедници, кои овде со години успешно опстојуваат. Да си подадеме рака за помош почитувајќи го културното богатство, со цел да им оставиме достоен пример на новите генерации.

Ви го честитам националниот празник Свети Сава, посакувајќи празнично расположение и среќна слава на сите граѓани, кои го одбележуваат овој датум.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email