11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Средба помеѓу претставници на Советот на Општина Куманово и граѓани кои работеле во странство

Средба помеѓу претставници на Советот на Општина Куманово и граѓани кои работеле во странство

Денеска во салата на Општина Куманово, се одржа состанок помеѓу претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, координаторите на советничките листи, со претставници на граѓани кои работеле во странство (Авганистан и Ирак).
Претседателката на Советот и советниците ги запознаа засегнатите граѓани со ингеренциите на Советот, како  орган на локалната самоуправа. Од страна на засегнатите граѓани беа претставени проблемите и барањата до советниците. Присутните ја оценија работна средба како контруктивна. Претседателката и координаторите искажаа поддршка за решавање на нивниот проблем, во рамки на надлежностите на Советот.
Закажана е повторна средба, во ист состав, во понеделник (02.02.2026 г.)

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email