11 Октомври бб, 1300 Куманово • (031) 475-800
Република Северна Македонија

Општина Куманово

Новости

Финалниот турнирна кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ ќе се одржи во Куманово

Финалниот турнирна кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ ќе се одржи во Куманово

Денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски заедно со претседателот и спортскиот директор на МКК, Ненад Стојановски и Андреја Маџовски, присуствуваше на прес – конференција по повод претстојниот кошаркарски куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ во машка категорија, кој ќе се одржи во Куманово.

Димитриевски ги поздрави претставниците на спортските клубови, посакувајќи им  и пријатен престој на гостите во нашиот град. Упати благодарност до Кошаркарската федерација на Македонија за одлуката најмасовното клупско натпреварување во сезоната 2025/2026 година да се одржи во Куманово.

Кошаркарскиот куп ќе се одржи од 13. до 15 февруари во  реконструираната спортска сала, која во вистинско светло ќе ги покаже своите капацитети. Ќе се натпреваруваат осум најдобри екипи, победниците од четирите четвртфинални средби ќе играат во полуфиналето, кое е предвидено да се одигра на 14 февруари. Победникот во националниот куп ќе биде познат по одигрувањето на големото финале на 15 февруари.

Градоначалникот имаше чест да го врачи пехарот на минатогодишниот освојувач МЗТ Аеродром, кој симболично беше предаден на капитенот Дамјан Стојановски.

Повикувајќи ги љубителите на кошарката од целата држава да го проследат овој престижен натпревар, посака истиот да прерасне во кошаркарска традиција, како квалитетна спортска понуда во градов.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email