Општина Куманово учествува во проектот „ЕУ за чист воздух”. За таа цел објавена е јавна набавка која опфаќа услуги за изработка на основен дизајн за подобрување на системите за греење во дванаесет јавни објекти во Скопје и Куманово. Работата е поделена во четири дела, вклучувајќи основни и средни училишта, градинки и здравствени институции. Сите заинтересирани апликанти можат да учествуваат на тендерот до 24.02.2026 година на следниот ЛИНК.